Трипл-дабл за Вестбрук во победата над Феникс Санс

 Хјустон Рокетс забележа победа во „Тојота Центар“ против Феникс Санс со 115:109.

„Ракетите“ го предводеше Расел Вестбрук, со шестиот трипл-дабл за сезонава – 24 поени, 14 скокови и 11 асистенции, со три украдени топки и две блокади.

Тој со вкупно 7.037 асистенции во кариерата го надмина Тони Паркер на вечната листа на 18-тото место.

Уште еден одличен натпревар одигра Џејмс Харден кој постигна 34 поени, додека Бен Меклемор го заврши натпреварот со 27 поени.

Домаќините на тој начин го запишаа својот четврти триумф на последните пет натпревари, вкупно 15-ти оваа сезона, додека Феникс е со скор 10-12.

Кај Санс, Девин Букер беше најефикасен со 35 коша, Дарио Шариќ постигна дабл-дабл – 13 поени, 12 скокови, исто како и Рики Рубио – 10 поени, 13 асистенции.

Резултати од НБА:

Далас – Њу Орлеанс 130: 84
Њујорк – Индијана 103: 104
Филаделфија – Кливленд 141: 94
Хјустон – Феникс 115: 109
Јута – Мемфис 126: 112

реклама

Кошарка

Некогаш играше со Леброн Џејмс, а сега проси низ улиците на Далас

Read more

Мајами со трета победа дојде на чекор од големото финале

Read more

Кој е Џокерот: Хауард провоцира, а Јокиќ „мртов ладен“

Read more

Денвер го совлада Лејкерс и се врати во игра

Read more

Нови видеа

play_arrow

Најсмешните новинарски незгоди со животни

Read more
play_arrow

Сè што е погрешно со „Anabelle Comes Home“

Read more
play_arrow

5 чекори за здрав живот на доктор Ентони Балдузи

Read more
play_arrow

Успешно деби на роботот-чистач во Лондон

Read more
play_arrow

Масти за слабеење? Ова се најдобрите извори

Read more
play_arrow

10 видеоигри кои го извлекуваат најлошото од нас

Read more
play_arrow

Зошто не можеме да се ослободиме од наслагите од долниот дел на стомакот?

Read more
play_arrow

Направете сами: Креативни украси за бања

Read more
play_arrow

Втор трејлер за анимираната авантура „Over The Moon“

Read more
play_arrow

Netflix го објави официјалниот трејлер за хорор-серијата „The Haunting of Bly Manor“

Read more
play_arrow

Топ 20 ликови на вонземјани на сите времиња

Read more
play_arrow

Лесни вежби за совршен задник

Read more