Трипл-дабл за Вестбрук во победата над Феникс Санс
Хјустон Рокетс забележа победа во „Тојота Центар“ против Феникс Санс со 115:109.
„Ракетите“ го предводеше Расел Вестбрук, со шестиот трипл-дабл за сезонава – 24 поени, 14 скокови и 11 асистенции, со три украдени топки и две блокади.
Тој со вкупно 7.037 асистенции во кариерата го надмина Тони Паркер на вечната листа на 18-тото место.
Уште еден одличен натпревар одигра Џејмс Харден кој постигна 34 поени, додека Бен Меклемор го заврши натпреварот со 27 поени.
Домаќините на тој начин го запишаа својот четврти триумф на последните пет натпревари, вкупно 15-ти оваа сезона, додека Феникс е со скор 10-12.
Кај Санс, Девин Букер беше најефикасен со 35 коша, Дарио Шариќ постигна дабл-дабл – 13 поени, 12 скокови, исто како и Рики Рубио – 10 поени, 13 асистенции.
Резултати од НБА:
Далас – Њу Орлеанс 130: 84
Њујорк – Индијана 103: 104
Филаделфија – Кливленд 141: 94
Хјустон – Феникс 115: 109
Јута – Мемфис 126: 112