Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Kамиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет, вели претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Тој ја обвини власта дека го урнисала македонското земјоделство и го направила увозно зависно, па почнале да увезуваат отровен зеленчук од соседството.

„До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното.

Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница“ рече Трипуновски.

„Ова се доказите. Граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија.

„Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта?“ праша Трипуновски.

Ваква операција на труење на сопствените граѓани, според него, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски.

„Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има. Истовремено барам веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна. Потребна е целосна ревизија и заострување на мерките при увоз на храна. Будно ја следиме ситуацијата, и порачуваме дека одговорност за ова ќе има“ рече тој.

Доколку ЈО го премолчи и ова, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто допуштил македонските граѓани да консумираат небезбедна храна, предупреди Трипуновски.

Remote video URL
реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Македонија

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Read more
 

Вести

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Читај повеќе
  • play_arrow

Нацист од Втората светска војна доби овации од Зеленски и Трудо

Читај повеќе

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Читај повеќе

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Читај повеќе

Осуденици од Идризово тврдат дека затворски полицајци ги уценуваат

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Читај повеќе

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Читај повеќе

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

Читај повеќе