Свет

Трите деца на најбогатиот Данец во светот меѓу загинатите во Шри Ланка

22. април 2019 - 12:09 | Кајгана/МИА
Копенхаген, 22 април 2019 (МИА) – Данскиот милијардер Андерс Холф Повлсен (46) објави дека три од неговите четири деца загинале во терористичките напади на Шри Ланка.

Данскиот милијардер е сопственик на меѓународниот синџир за трговија со облека Bestseller, кој ги опфаќа модните марки Vero Moda и Jack & Jones, најголем акционер во британската онлајн компанија Asos и втор најголем акционер во германската онлајн компанија Zalando.

Една од ќерките на Повлсен, Алма Сторм Холф Повлсен пред неколку дена на Instagram објави фотографија со своите сести Астрид, Агнес и Алфред на Шри Ланка. Не е познато кои деца загинале.

Според Forbes од 2018 година, Повлсен е најбогатиот Данец на светот со 7,9 милијарди американски долари. Тој е сопственик на 89 илјади хектари земјиште во Шкотска, со што е најголемиот сопственик на земјиште во таа земја.

Коментирај