Трите најбезбедни начини за одмрзнување мелено месо

Меленото месо е една од оние намирници кои често ги имаме во замрзнувачот, но треба да имате на ум дека одмрзнувањето на собна температура може да доведе до развој на штетни бактерии.

Температурниот опсег меѓу 5 степени и 60 степени Целзиусови често се нарекува опасна зона биодејќи бактериите кои предизвикуваат труење со храна можат брзо да растат во тој опсег. Фрижидерот е секогаш најбезбедното место за одмрзнување на сите видови меса, вклучително и меленото месо.

Кога однапред знаете дека ќе подготвите мелено месо, најбезбедно е да го одмрзнете во фрижидер. За целосно одмрзнување на половина килограм мелено месо во фрижидерот потребни се околу 12 часа. Задолжително ставете го во длабока чинија за да се складира течноста која ќе истече додека месото се одмрзнува. Ако вашите планови се променат, одмрзнатото месо ќе остане добро еден  до два дена во фрижидер.

Ако имате еден час

Ако имате половина килограм замрзнато месо, а ручекот наскоро би требало да биде готов, може да го одмрзнете во сад со студена вода. Првин уверете се дека замрзнатото месо е во водоотпорна амбалажа, а потоа ставете го во сад со студена вода. Треба да ја менувате водата на секој половина час или да додадете коцки лед за да не се загрее премногу. Половина килограм мелено месо во сад со студена вода може да се одмрзна за еден час, а потоа треба веднаш да го подготвите.

Ако имате 5 минути

Ако сте многу гладни, а дома немате ништо освен замрзнато мелено месо може брзо да го одмрзнете во микробранова. Отстранете ја сета амбалажа, ставете го месото на чинија и во микробранова на 50% јачина меѓу 2 до 3 минути.

Вртете го месото на секои 45 секунди додека целосно не се одмрзне. Надворешните делови може да се готват, па користете го меленото месо веднаш по одмрзнување.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе