Тројански коњ во Лондон: Германци облечени како Англичани тепале во паб

Кога се среќаваат репрезентациите на Англија и Германија припадниците на полициските сили секогаш имаат полни раце работа. Дуелите на овие две нации речиси никогаш не минале без инциденти, како што беше случај и синоќа во пресрет на дербито на „Вембли“ во последното коло од Лигата на нации.

Пред натпреварот на „Вембли“ англиските навивачи традиционално се собираат во пабовите во близина на стадионот. Понекогаш и со нивните деца седнуваат на пијачка пред репрезентативните натпревари. Тоа добро го знаеле германските хулигани кои направиле пеколен план инспирирали од легендарната приказна за Троја.

Во еден од таквите пабови, поточно Green Pub, се појавила група германски навивачи облечени како Англичани, во дресови на домашнта репрезентација на Англија. Така облечени не привлекле внимание, одлично се вклопиле во пабот како Тројанскиот коњ кој Ахајците им го подариле на Тројанците. Одеднаш извадиле ладно оружје и направиле хаос. Мавале по кого стигнат, а го демолирале и пабот. Исходот е 5 луѓе кои се здобиле со тешки повреди и се наоѓаат во болница, додека уште 20 навивачи се здобиле со полесни повреди.

До тепачката дошло два часа пред почетокот на натпреварот, отприлика во моментот кога навивачите се подготвувале да тргнат накај стадионот. Англиските медиуми дури и пишуваат дека германските хулигани напаѓале и постари жени и деца и дека не бирале по кого ќе удрат.

За време на нападот Германците на Англичаните им одземале знамиња и навивачки транспаренти, а кога се појавцила полицијата почнале да бегаат.

Инаку, интересно беше и на зелениот терен меѓу лутите ривали Англија и Германија бидејќи одиграа возбудлив натпревар со пресврти и многу голови, а на крајот победник немаше бидејќи дуелот заврши 3:3.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе