Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Стокхолм, 14 октомври 2019 (МИА) – Абиџит Банерџи, Естер Дифло и Мајкл Кремер се овогодишни добитници на Нобеловата награда за економија за нивниот „експериментален пристап кон намалување на глобалната сиромаштија“.

Дифло е втора жена добитник на Нобелова награда за економија по Елинор Остром во 2009 година. Таа е исто така и најмладиот добитник на Нобелова награда за економија.

Наградата, која официјално се вика „Награда на Шведската банка за економски науки во сеќавање на Алфред Нобел“, не ја воспоставил самиот Нобел, но сепак се смета за една од основните награди.

Признанието го воспостави шведската Централна банка во 1968 година, а првиот добитник беше избран една година подоцна.

Наградата изнесува 9 милиони круни (918.000 американски долари), златен медал и диплома.

Минатата недела беа доделени Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, две награди за литература и наградата за мир.

Сите добитници ќе ги примат наградите на 10 декември во Стокхолм, на годишнината од смртта на Нобел во 1896 година, освен добитникот на наградата за мир. Нобеловата награда за мир традиционално се доделува во Осло.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе