Тројца кинески астронаути се вратија дома по 6 месеци во вселената

Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по шестмесечна мисија на кинеската вселенска станица Tiangong, пренесе BBC.

Екипажот замина во вселената на 5 јуни за да ја надгледува последната фаза од изградбата на вселенската станица Tiangong, која беше успешно завршена во ноември.

Шест месеци подоцна, екипажот се врати дома со вселенското летало Shenzhou 14, кое вчера слета во Монголија. Кинеската вселенска агенција ја прогласи мисијата за „целосно успешна“.

Командантот Чен Донг и неговите колеги изјавија дека се чувствуваат добро. 
Лиу Јанг е првата жена астронаут во Кина, а по враќањето дома рече дека никогаш нема да го заборави искуството од престојот во станицата. Додаде дека е возбудена поради враќањето дома.

Астронаутите изведоа три вселенски прошетки за да ги проверат и тестираат новите делови на Станицата.

Нов екипаж замина на Станицата со вселенското летало Shenzhou-15 и ќе престојува шест месеци во вселената.

Кина во 2011 година беше исклучена од програмата на Меѓународната вселенска станица, предводена од американската вселенска агенција НАСА.

Ова беше последната од 11-те мисии потребни за составување на станицата, која треба да работи 10 години и да спроведе експерименти во услови на речиси нулта гравитација.

Новиот екипаж ќе се фокусира на инсталирање на објектите во станицата.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе