Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино денеска го искачија врвот Брајтхорн Цермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.
Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле“, и неготинецот Пере Самандов.
– Немаше никакви проблеми. Планинаревме 5 часа и 30 минути. На врвот беше минус 8 степени, времето облачно, изјави Попов за МИА.