Тројца научници добија Нобелова за „клик-хемија“

Нобеловата награда за хемија за 2022 година денеска им беше доделена на Данецот Мортен Мелдал, Американката Каролин Бертоза и нејзиниот сонародник Бери Шарплес „за развој на клик-хемијата и биоортогоналната хемија“.

Американецот Шарплес (81) се приклучува на елитната група научници кои добиле две Нобелови награди.

Во објаснувањето се наведува дека научниците ја добиле Нобеловата награда за откривање на реакции кои овозможуваат молекуларните градежни блокови да се спојат заедно за ефикасно да создадат нови посакувани соединенија.

Што е клик-хемија?

Клик-хемијата се занимава со реакции во хемиската синтеза во кои производите брзо и сигурно се формираат со ковалентно врзување на најмалку две помали молекуларни единици.

Технологиите познати како клик-хемија и биоортогонална хемија сега се користат на глобално ниво за истражување на клетките и следење на биолошките процеси, се вели во соопштението на телото за доделување.

„Користејќи биоортогонални реакции, истражувачите го подобрија дејството на насочените лекови против рак, кои сега се тестираат во клиничките испитувања“, се вели во соопштението.

URL

Наградата тежи 10 милиони шведски круни

Наградата ја доделува Кралската шведска академија на науките и е вредна 10 милиони круни.

Нобеловата награда за хемија за 2021 година ја добија Германецот Бенџамин Лист и Шкотланѓанецот Дејвид Мекмилан за нивната работа на создавање нови алатки за градење молекули, со што придонесоа за развој на нови лекови.

Претходни нобеловци за хемија ја вклучуваат Марија Кири, која ја делеше истата награда за физика со нејзиниот сопруг и чија најстара ќерка, Ајрене Џолиот-Кири, ја доби наградата за хемија нешто повеќе од две децении по мајка ѝ.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе