Откако се опиле, тројца мажи потопиле две села во Виетнам.
Пијаните мажи провалиле околу 2 часот наутро во контролната соба на браната и го одвртиле вентилот, по што во селата Сон Нгиен и Суои Бак се излеале два милиони кубни метри вода.
Помеѓу останатото, поплавата уништила и 15 тони шеќерна трска. За среќа, во поплавата нема потешко повредени.
Уште е непознато каква казна ќе добијат тројцата.