Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.
По градови:
- Скопје 12
- Прилеп 7
- Тетово 3
- Кавадарци 1
- Пехчево 1
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на COVID-19.
Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.94, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.