Тројца убиени во нападот со нож во Ница

Кајгана/МИА
/ 29.10.2020 / 13:02

Вооружен маж со нож, уби три лица и повреди неколку други лица во црквата Нотр Дам во Ница, пред да биде уапсен, јави дописникот на МИА.

Веќе нема сомневање дека станува збор за терористички напад, бидејќи истрагата веднаш му беше доверена на антитерористичкото обвинителство од Париз.

Нападот со нож се случил денеска во девет часот наутро во близина на црквата Нотр Дам во Ница. Според најновиот извештај, има тројца загинати, меѓу кои чуварот на црквата и неколку повредени.

Нападот се случил во внатрешноста на оваа црква, лоцирана во срцето на градот Ница, детално објасни Ерик Сиоти, пратеник од Алпите. 

Терористот бил набрзо уапсен во црквата од националната и општинската полиција. Повреден за време на апсењето, тој бил пренесен во болница.

Откако напаѓачот бил ставен на носила за да биде пренесен во болница, со оглед дека имал престрелна рана, тој извикувал „Алах е голем“, изјави градоначалникот на Ница.

Според градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, кој зборуваше за „исламистички фашизам“ двете од жртвите биле внатре во црквата убиени на најгрозен начин, третата жртва надвор од црквата. Во меѓувреме специјалните полициски единици ја проверуваат внатрешноста на црквата во потрага на евентуални експлозивни направи.

URL

Овој напад се случи во позадина на особено голема терористичка закана, по нападот во близина на поранешните простории на Шарли Ебдо и атентатот врз Самуел Пати, професор по историја и географија во Конфлан-Сант-Онорин.

На почетокот на неделата, генералниот директор на националната полиција ги повика своитеприпадници да бидат претпазливи, укажувајќи на телеграмата упатена до директоратите и централните служби дека „Франција е цел на висока и постојана терористичка закана“.

URL

Оваа закана се повтори во вторникот во соопштението за печатот од агенцијата Табат, блиска до организацијата Ал-Каеда, која го осуди објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.

Remote video URL
реклама

Долго чувана тајна: Србите погодиле и втор F-117 за време на бомбардирањето на НАТО

Read more

Ноќеска регистриран земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Read more

Непознат објект прелета покрај Земјата, научниците не знаат што е

Read more

Кинески виролог предупредува: Нови видови коронавирус се закана за луѓето

Read more

Свет

Бајден: Вакцинацијата во САД нема да биде задолжителна

Read more

Нов „предизвикан“ земјотрес регистриран во Стразбур

Read more

Разбиена мрежа за шверц на тутун и проституција меѓу Бугарија и Франција

Read more

Ердоган: Се надевам дека Франција ќе се ослободи од Макрон

Read more

Вести

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 881 пациент, има слободни кревети

Читај повеќе

Каракачанов се согласи со Заев: Власта во Бугарија била со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти

Читај повеќе

Филипче: Ремдесивир и Фавира да се земаат само во консултација со лекарите

Читај повеќе

Еден загинат и тројца повредени при излетување на возило од автопатот Куманово -Скопје

Читај повеќе

Оружје и муниција пронајдени при претрес во селата Чифлик и Ржаничино

Читај повеќе

Бајден: Вакцинацијата во САД нема да биде задолжителна

Читај повеќе

Изречени 540 санкции за неносење маска

Читај повеќе

Сончево со слаб ветер, по котлините магла

Читај повеќе

Ноќеска регистриран земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Читај повеќе