Тројца Украинци намерно запалиле 35 глисери во Хрватска, полицијата трага по нив

По три месеци откриена е причината за страотниот пожар на пристаништето Медулин, како и виновниците – тројца украински државјани.

Поради загрозување на животот и имотот, кривично се гонат тројца државјани на Украина, од кои двајца се на возраст од 25 години, а најстариот меѓу нив има 28 години.

Криминалистите со реконструкција на она што му претходело на пожарот утврдиле дека младите Украинци дошле од Полска во Хрватска на 14 мај. Тие го паркирале возилото во месноста Медулин и се упатиле во правец на градското пристаниште.

Околу 3 часот и 40 минути, додека другите двајца сторители биле на стража, еден од 25-годишниците влегол низ оградениот дел од пристаништето и се упатил во правец на пристаништето каде што пловилото, означено со „Пула“, сопственост на 65-годишник било закотвено.

Осомничениот фрлил шише со запалива течност кон него и предизвикал пожар кој се проширил на блиските 34 врзани глисери, од кои 22 биле целосно изгорени, додека други делумно се оштетени од пожарот. Со тоа на сопствениците им е причинета материјална штета од околу 2 милиона евра.

Она што е интересно е дека осомничените државјани на Украина не биле уапсени бидејќи полицијата во текот на интензивната истрага доцна дошла до споменатите информации. Поради тоа, интензивно се трага по нив, а според познатите информации тие не се на хрватска територија.

Следен чекор е Државното обвинителство кое го добило полицискиот извештај, а потоа и меѓународната потерница.

Тагови
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Read more

Регион

Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Read more

Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Read more

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Read more

Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе