Свет

Тројца загинати во расистички немири во Вирџинија

13. август 2017 - 11:52 | Макфакс

Во немирите што настанаа поради собирот на екстремните десничари во американската сојузна држава Вирџинија загинаа три лица, а повеќе се повредени.

Една учесничка на контрамитинг, на возраст од 32 години, настрадала кога автомобил со голема брзина влетал во толпа, а двајца полицајци загинале кога се урнал хеликоптерот во кој биле, во текот на надгледување на собирот.

Возачот на автомобилот, Џејмс Фелдс (20) е уапсен и обвинет за убиство, нанесување повреди и бегство.

Американскиот министер за правда Џеф Сешнс ја осудил расната нетолеранција и омраза по насилството во Шарлотсвил и навел дека насилството „удира во срцето на американското право и правда“.

Најголем дел од повредените се учесници на контрамитингот,+ кои протестирале против собирот на радикалната десница.

Властите во Вирџинија претходно прогласија вонредна состојба за да можат согласно закон да распоредат дополнителни безбедносни сили.

Десничарите, меѓу кои имало и претставници на групи блиски на расистичката организација Кју Клукс Клан (ККК) и неноацистити се собрале во знак на протест поради најавите за отстранување на споменикот на конфедералниот генерал Роберт Едвард Ли (1807-1870) во градскиот парк во Шарлотсвил. Тој е познат по тоа што бил против укинување на ропството.

Коментирај