Трошоците на живот во јули со раст од 1,9% на месечно, а за 16% на годишно ниво

Скопје, 8 август 2022 (МИА) – Трошоците на живот во јули во однос на јуни годинава  во државава се зголемени за 1,9 проценти, а цените на мало за 2,5 проценти. Споредено со јули лани, трошоците на живот минатиот месец биле повисоки за 16 проценти, а цените на мало за 14 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Фото: Кајгана
Фото: КАЈГАНА

Пораст на трошоците на животот во јули во однос на претходниот месец е забележан кај лебот и житата за 4,8 проценти, сирењето и урдата за 4,5 проценти, млекото за 3,6  проценти, свежото и разладеното овошје за 2,9 проценти, виното за 2,5  проценти, месото за 1,8  проценти. Кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци порастот е за 1,1 процент, прехранбените производи неспоменати на друго место за еден процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4  проценти, а кај кафето, чајот и какаото за 0,2 проценти.

Во јули, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 36,5 проценти, туристичките аранжмани за 11,3 отсто, електричната енергија за 9,9  проценти, поправката на апаратите за домаќинствата за 8,8  поценти, услугите за сместување за 5,9 отсто, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 5 проценти, другите печатени материјали за 3,3 отсто, рестораните, кафулињата и слично за 3,1  порценти.

Исто така, пораст има и кај моторциклите за 2,7 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 2,6 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 2,5 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,4 проценти, велосипедите за 2,3 отсто, течните горива за домаќинствата, цврстите горива за 1,8  проценти, малите алатки и останатите додатоци за 1,6 отсто.

Кај услугите за одржување и поправки на живеалиштето  трошоците на живот се зголемени за 1,5 проценти, производите за домаќинставата-нетрајни, домашните миленици и сродните производи за 1,4 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1,2 проценти, гасот за домаќинствата за 1,1 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за еден процент, другите лични предмети за 0,8 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 0,7 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 0,5 проценти, мебелот и покуќнината, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, медиумите за снимање, канцелариските материјали и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.4 отсто, облеката, другата облека и додатоците за облека, патниот патнички транспорт, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,3 проценти, поправките и изнајмувањето на обувките, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, парамедицинските услуги, другите услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 6,4 проценти, рибата и морските плодови за 1,8 отсто и маслото и маснотиите за 1,6 проценти.

Во јули, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај актуелните ренти исплатени од станарите за 2,7 отсто, другите медицински производи за 1,7 проценти, другото образование за 1,1 отсто, моторните возила за 0,9 процент, теписите и другите подни покривки, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,8 отсто, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0,4  проценти.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе