Трудници и COVID-19: Дали да се вакцинираат и кои се ризиците за бебето?

Бремените жени можат да се заразат со коронавирус и да развијат тешка клиничка слика. Затоа, прашањето за имунизација на бремени жени и доилки станува сѐ погорливо, откако започнаа програмите за масовно вакцинирање на населението ширум светот.

 

Д-р Ана Митровиќ Јовановиќ, гинеколог од болницата ГАК Народни фронт, во емисија на РТС даде одговори на најчестите прашања што ги имаат бремените жени или жените кои планираат бременост.

Дали треба по породувањето да ѝ се даде бебето на мајка која е позитивна на ковид?

Докторката рече дека праксата во ГАК Народни фронт е трудниците позитивни на SARS-CoV-2 да ги породуваат во посебни одделенија за тоа. До заминувањето од болницата, бебето и мајката немаат контакт, а за новороденчето се грижи тим педијатри.

Може ли бремена жена позитивна на коронавирус да го зарази бебето за време на породувањето?

„Од сè што знаеме до денес - не е можно, односно на глобално ниво имало многу мал број спорадични случаи на бебиња родени позитивни на коронавирус. Ние немавме такви искуства во Србија, сите бремени жени позивни на ковид, кои дури се породија во акутната фаза на инфекцијата, родија здрави деца негативни на коронавирус. Се верува дека ова вертикално пренесување од мајката на новороденчето за време на бременоста и породувањето не постои“, нагласува д-р Митровиќ Јовановиќ.

Дали самиот COVID-19 е индикатор за царски рез?

„Ние правиме царски рез кога има акушерска индикација или кога мајката е крајно загрозена, во толку лоша состојба што породувањето дополнително ќе ја загрози“, рече д-р Митровиќ Јовановиќ за праксата во ГАК Народни фронт.

Дали заразена мајка може да го дои бебето?

Според најновото истражување, се верува дека мајка која ги почитува безбедносните постапки и носи маска, може да го дои бебето ако се чувствува добро. Треба да ги мие рацете претходно, според сите препораки, секогаш да носи маска кога бебето ѝ е директно на градите и кога е оддалечена до два метра. За оние мајки кои не се чувствуваат добро како резултат на инфекција со коронавирус, кои се чувствуваат омалаксано и имаат значителни симптоми, се препорачува само да се испумпуваат на два до три часа и нема забрана да се дава тоа млеко на новороденчето.

Дали се советува вакцинацијата и кога?

Кога станува збор за популацијата на млади луѓе кои само планираат да раѓаат, советот е - веднаш вакцинирајте се и ревакцинирајте се. Вакцината не предизвикува стерилитет. Ако една жена се вакцинира и по седум до десет дена дознае дека е бремена, треба да се ревакцинира во рок од три недели од претходната вакцинација, доколку е секако здрава и нема други причини зошто вакцинацијата би се одложила, иако е во рана бременост.

„Американскиот центар, чии препораки ги цениме и користиме во секојдневната клиничка пракса, јасно ни кажа - бремените жени и жените кои се во период на доење и лактација не треба да се обесхрабруваат ако сакаат да се вакцинираат. Немаме докази. Над 20.000 вакцинирани бремени жени во Америка немаа несакани ефекти, ниту пак се појавија никакви компликации“, вели д-р Митровиќ Јовановиќ.

„На секоја бремена жена да ѝ биде објаснето кои се потенцијалните ризици, да процените дали таа бремена жена е во средина каде што има вирулентност и каква е епидемиолошката состојба, за да ѝ биде препорачана вакцинација. Значи, земете го сето тоа предвид и конечната одлука дефинитивно ќе ја донесе бремената жена. Ние веруваме дека според овие препораки, нема причина жените доилки да не се вакцинираат. Исто така, каков вид вакцина ќе добие е целосно ирелевантно. Примете ја вакцината што ви е достапна, нема разлика, сите вакцини се ефикасни“, препорачува д-р Митровиќ Јовановиќ.

реклама

Hejt SLOVEni, još ste živi? - видеото кое ја запали екс-ју

Read more

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Read more

Постигнат договор за државјанствата, неизвесна работата на Собранието

Read more

Кој од „Friends“ заработил најмногу?

Read more

Здравје

Како до здрави очи кај лицата со дијабет и во услови на COVID-19?

Read more

Зошто треба да јадете урми?

Read more

Што му се случува на телото кога седите предолго?

Read more

Зошто треба секој ден да јадете јагоди?

Read more
 

Магазин

Палачинките на Лав Толстој

Читај повеќе
  • play_arrow

Hejt SLOVEni, još ste živi? - видеото кое ја запали екс-ју

Читај повеќе

Четири ситуации кои се совршени за секс

Читај повеќе

Канадски пратеник заборави да ја исклучи камерата и се појави гол пред колегите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вежби за грбни мускули и исправување на неправилно држење на телото

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

Хари и Вилијам нема да стојат еден до друг на погребот на принцот Филип

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да согорувате повеќе калории додека спиете?

Читај повеќе

Како до здрави очи кај лицата со дијабет и во услови на COVID-19?

Читај повеќе