Офанзивецот Тодороски го напути Спартак од Суботица и се пресели во ТСЦ од Бачка Топола. Спартак од трансферот ќе заработи 450.000 евра и задржа 20% од наредната продажба на Тодороски.

Андреј Тодороски од почеткот на сезоната игра во добра форма. За Спартак одигра 19 натпревари на кои постигна 6 голови и 4 пати асистираше во најдобрата лига на Србија.
25-годишниот Тодорски е роден во Прилеп, но од најмала возраст кариерата ја градеше во австриските клубови Рапид, АКА Рапид, Виена, Фрст Виена, Флоридсдорфер и Винер.
За Македонија има настапи само на пријателски натпревари во младинските репрезентации бидејќи не поседува македонско државјанство и додека не извади не може да конкурира за во списокот на Благоја Милевски.
Во интервју за Спортски журнал од пред неколку месеци, тој изјави: „Имаше разговори. Секако дека би сакал да играм за Македонија, но кога ќе се среди целата потребна документација и ќе ни се вкрстат патиштата, т.е. во мене да гледаат играч кој во тој момент би можел да ѝ помогне на репрезентацијата.“.
Неговиот нов клуб ТСЦ е клуб на унгарското малцинство во Војводина.