Македонија

Туфегџиќ: Ќе го одблокираме процесот за полагање лекторски испит

20. август 2017 - 14:14 | Макфакс

Во собраниска процедура се предлог-измени на законот за употреба на македонскиот јазик, кои што предвидуваат одблокирање на процесот за полагање на лекторски испит, изјави на прес-конференција пратеничката Ивана Туфегџиќ.

Според неа, Република Македонија од 2013 година до денес нема издадено лиценца за лектор, што предизвикува огромна штета врз заштитата и унапредувањето на македонскиот литературен стандарден јазик и неговото кирилско писмо.

„Оваа грешка со овие предлог измени денеска ја поправаме и затоа го одблокираме процесот за полагање на лекторскиот испит, и дополнително, ова впрочем е првиот чекор кон заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, која што да потсетам, е една од темелните определби на Владата и на парламентатното мнозиство предводено од Социјалдемократскиот сојуз“, додаде Туфегџиќ.

Коментирај