Германскиот стратег на клупата на Челси вели дека неговиот тим до толку го надиграл шпанскиот претставник што играчите на Атлетико не можеле ни воздух да земат, а не пак да помислат да напаѓаат.
„Фантастичен резултат, фантастичен гол. Сосема заслужено“, почнува Томас Тухел говорејќи за BT Sport.
„Сините“ синоќа со минимални 1:0 славеа на гостувањето во Мадрид кај Атлетико, а победничкиот гол беше велемајсторија на Оливје Жиру и тоа со ножички.
„Сакавме да доминиравме во противничката половина, во ниту еден момент да не загубиме концентрација, да не правиме лесни грешки и цело време да бидеме на штрек поради нивниот квалитет за контра-напади. Остваривме дисциплинирана игра, заслужено победивме. Ова е тешка работа, тимска работа, тоа е суштината на нашата голема победа“, продолжува тој.
Атлетко, предводен од Диего Симеоне, е препознатлив по добрата игра во одбраната. На многу силни екипи им е тешко да постигнат гол против овој тим, кој многупати таквите противнички напади знае да ги казни преку убиствени контри.
„Свесни бевме дека тие се подготвени да се бранат со осуммина во нивниот шестнаесетник. Нашата намера беше да одржуваме висок интензитет. Тоа е она кое го одработивме одлично. Не им дозволивме воздух да земат ниту пак да се во впуштат во контра-напади. На крај бевме наградени“.
„Најголем предизвик е да се отвори одбраната на Атлетико“, завршува тренерот на Челси.