Останати спортови

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика

26. март 2020 - 16:11 | МИА

Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот веројатно оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану.

Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, спортот, вклучително и велосипедизмот, е речиси целосно во прекин.

Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја.

Коментирај