Свет

Турција: Експлозија во воена база, владата забрани објавување вести за инцидентот

10. ноември 2018 - 13:26 | МИА/КАЈГАНА

Во експлозија во складиште за муниција во воена база во југоисточниот дел на Турција  загинаа седум војници и повредени се околу 20, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Турското Министерство за одбрана првично соопшти дека во несреќата што се случила во провинцијата Хакари се повредени 25 луѓе, а седум се водат за исчезнати.

Висок турски суд издаде забрана за емитување вести поврзани со експлозијата, пренесе новинската агенција Анадолија.

Причината за експлозијата наводно е дефектна муниција. Во првичните медиумски објави, пред да стапи во сила забраната, беа објавени снимки и фотографии на кои се гледа како чад се издига над планинскиот предел каде е лоцирана базата.

Турската влада често воведува забрани за објавување вести по големи инцидент. Повеќето терористички напади во изминативе години беа засеганти од вакви забрани за да се спречи објавување на некои аспекти од инцидентите, како снимки и фотографии со насилна содржина и содржина што може да ја вознемири публиката.

Коментирај