Турција ги обвини Курдите дека ослободиле над 800 терористи

Анкара, 18 ноември 2019 (МИА) – Турција ги обвини курдските единици за ослободување на повеќе од 800 милитанти од терористичката Исламска држава во Сирија.

„Турција е единствен партнер на НАТО и меѓународната коалиција во борбата против Исламската држава и неутрализираше повеќе од 4.000 припадници на таа терористичка организација во Ирак и Сирија. Од друга страна, Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот ослободија повеќе од 800 затвореници само во Тел Абиџад“, се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Од почетокот на воената операција во североисточна Сирија, Анкара ги обвинува курдските сили за ослободување на милитантите од локалните затвори.

Курдите велат дека екстремистите успеваат да избегаат за време на нападите на турската армија, бидејќи тогаш има гранатирање и оштетување на затворските објекти.

Според неодамнешните проценки, околу 11.000 милитанти се приведени во областа, вклучително и околу 9.000 Сиријци и Ирачани, како и 2.000 лица од околу 50 други земји.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе