Турција нема да дозволи да се заташка случајот со Кашоги

Анкара, 21 октомври 2018 (МИА) – Турција нема да дозволи да се заташка случајот со новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен на почетокот на месецот во Суадискиот конзулат во Истанбул, изјави денеска потпретседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Нуман Куртулмуш.

При гостување на телевизијата CNN Turk, Куртулмуш нагласи дека Турција ќе ги вложи сите напори за целосно расветлување на случајот и изрази надеж дека „за кусо време вистината ќе излезе на виделина“.

– Постојат цврсти претпоставки за тоа што се случило, но сѐ уште не сме дојдени до категоричен заклучок, кој би бил поддржан од сознанија и докази. Едно злосторство, извршено во Конзулат на една држава, не може да биде извршено без знаење на повисоки одговорни претставници, нагласи Куртулмуш.

Тој нагласи дека ако истрагата утврди дека саудискиот новинар е убиен со одобрение и знаење од повисоки инстанци, тогаш Ријад ќе се соочи со сериозни последици.

Властите во Ријад во петокот вечерта соопштија дека Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, каде дошол на 2 октомври за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка, по што му се загуби секоја трага.

Саудиските власти досега беа на ставот дека Кашоги жив го напуштил Конзулатот, иако Турција тврдеше дека има докази оти новинарот е убиен во зградата на дипломатското претставништво.

Поголем број земји, асоцијации и меѓународни организации го осудија убиството на Кашоги и побраа спроведување транспарентна и независна истрага за случајот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе