Турција вчера најави дека ја завршува воената операција на северот на Сирија, на наведувајќи дали ќе ги повлече воените единици од тој дел.
„Операцијата ‘Штитот на Еуфрат’, која имаше за цел одбрана на нашите граници и спротивставување на заканите од терористичката група Исламска држава е завршена успешно“, соопшти националниот совет за безбедност, предводен од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Премиерот Бинали Јилдирим, потврдувајќи го крајот на операцијата, не исклучи други операции во Сирија.