Турција погодена од 130 сириски ракети

Анкара, 10 октомври 2019 (МИА) – Околу 130 ракети истрелани од Сирија го погодиле турскиот пограничен реон Нусајбин, во југоисточната провинција Мардин. Ракетите паднале врз станбени реони, јави Anadolu Agency.

Пет лица денеска биле отпуштени од болница во југоисточна Турција откако биле лесно ранети при прекуграничните напади од страна на сириските Курди и ПКК во Сирија.

Обласната управа на Нусајбин вчера соопшти дека на два дена ги затворила училиштата во областа.

Во меѓувреме и натаму е во тек турската операција „Извор на мирот“, што почна вчера на исток од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, дополни агенцијата.

Турција соошти дека ПКК и нејзиниот сириски пандан претставуваат најголемата закана за иднината на Сирија, заканувајќи ѝ се на територијалната целост на земјата. Анкара, исто така, подвлече дека за нив е неприфатлива поддршката на терористите под превезот дека се борат против ИД.

Турција има 911 километри долга заедничка граница со Сирија и таа одамна ја посочи заканата од терористите источно од реката Еуфрат и „терористичкиот коридор“ што таму се формира, наведува Anadolu Agency.

Турција планира да рассели два милиона Сиријци на 30-километарската безбедносна зона во Сирија, што се протега од реката Еуфрат до ирачката граница, вклучувајќи го и Манбиџ. Присуството на терористичките групи, како ПКК, меѓутоа, го доведуваат во опасност нејзиното формирање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе