Свет

Турција: Руските S-400 се подобри од американските Patriot

22. јули 2019 - 12:14 | МИА

Руските ракетни системи S-400 се помодерни во споредба со американските Patriot, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Руските S-400 се помодерни системи за противракетна одбрана во споредба со американските Patriot, истакна шефот на турската дипломатија.

Чавушоглу нагласи дека Анкара планира да „ги стави во употреба ракетните системи S-400 до следната година“. Во меѓувреме, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека распоредувањето на S-400 ќе започне уште во октомври оваа година.

Турскиот министер за надворешни работи предупреди дека Анкара е подготвена да им одговори на САД, доколку Вашингтон воведе санкции поради набавката на S-400.

Коментирај