Во изминатите 24 часа во Турција оздравеа уште 1.492 пациенти со COVID-19, со што вкупниот број на оздравени порасна на 121.507.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коча, на Twitter објави дека во тој период биле тестирани 19.853 луѓе од кои 948 имале позитивен тест, па вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата сега изнесува 158.762.
Во изминатите 24 часа во Турција починаа 28 пациенти со COVID-19, а вкупно досега 4.397. Опаѓа бројот на пациенти со COVID-19 на кои им е потребна интензивна нега, покажуваат податоците од Министерството за здравство. Турција е деветта земја на светот по број на потврдени случаи и 14-та по број на починати како последива од коронавирусот.
Најновите информации покажуваат дека има опаѓање на бројот на заболени и починати.
Денеска е последниот ден од четиридневната забрана за движење што беше воведена на територијата на целата земја што брои 83 милиони жители.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека се надева дека ќе биде укината наредбата за ограничување на движењето, а до крајот на оваа недела се очекува ублажување и на другите рестриктивни мерки и најава на нови.