Туристичките места пливаат во отпад: Каде да се впери прстот?

Александра Спасеска
/ 03.08.2020 / 16:39

Изминатиов продолжен празничен викенд многу граѓани го искористија за бегство од градските средини и разладување покрај езеро или во планина.

Продолжениот викенд и високите температури беа доволна мотивација за многу наши сограѓани да ги посетат туристичките и излетничките места низ земјава, особено поради фактот дека не може да се патува надвор од границите, поради актуелната епидемиолошка состојба.

Исто така, истекува рокот за користење на ваучерите за домашен туризам, па Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Маврово, Преспа беа преплавени од посетители.

Но, зад туристите остана нивното ѓубре.

На социјалните мрежи веднаш се појавија фотографии и видеа на кои се гледа како отпад е расфрлан насекаде, а кантите и контејнерите за ѓубре се преполни. Граѓаните главно реагираа на Facebook страницата на движењето НЕ БИДИ ЃУБРЕ.

И во нашата редакција стигнаа фотографии на загрижени граѓани кои го документирале расфрланото ѓубре низ Дојран.

Иако фрустрацијата кај еколошки освестените граѓани е огромна, мора да се постави прашањето: Каде треба да се впери прстот на обвинувањето?

Во некои општини, како Охрид и Дојран, граѓаните утрово пријавија дека ѓубрето од јавните површини било ажурно собрано, но тоа не беше случај со сите општини со очекувано зголемен број на туристи викендов.

URL

Дури и ако комуналните служби навремено го собираат отпадот, останува прашањето – Што со целото она ѓубре немарно фрлено по улиците, парковите, плажите и долж автопатите?

Недостигот на општа еко-култура е поразителен, а најчестото резонирање е: „Сите фрлаат ѓубре кај стигнат, што ќе сменам ако јас фрлам во канта?“ или „Нема доволно корпи/контејнери. Да си го носам ѓубрето во џеб?“

URL

Драги сограѓани, да. Секој од нас може да направи промена и да постави добар пример и да, ако ѓубрето е твое, ќе си го носите до дома ако треба.

Од другата страна на призмата, одговорност секако треба да се побара и од институциите и службите.

Горјан Јовановски, еко активист и основач на апликацијата AirCare, излезе со свое мислење на социјалните мрежи во врска со оваа проблематика.

„Дечки, не им се лутете на оние што ги наполниле плажите во Охрид, што не почитуваат мерки и се расфрлаат со ѓубре насекаде. Тие НЕ се криви, зошто тие не знаат подобро, тоа за нив е нормално. Свртете го вашиот гнев кон оние што дозволиле таквиот однос да стане нормала“, вели тој во неговата денешна објава.

Понатаму, тој предлага каде би требало да се упати реакцијата:

„На краток рок:

Министерство за внатрешни работи, кои се покажаа како максимално некомпетентна багра, збунета до максимум за што да прави, и повеќе неодговорна од тие на плажите. Кога ќе има полиција што ќе казнува, ќе има и луѓе што ќе почитуваат правила.

На долг рок:

Министерство за образование и наука, чија наставна програма и образовен систем потфрла да ги научи младите, да ги извади од нив лошите навики и да го поправи домашното воспитување што очигледно не е присутно кај многумина.“

Јовановски понатаму апелира да не се троши времето со залудни статуси на социјалните мрежи, туку да се насочи незадоволството „директно кон одговорните институции“ и да се побара одговорност од нив, приложувајќи e-mail адреси и телефонски броеви за контакт во МОН и МВР.

Така, кога станува збор за вперување на прстот, виновници сме сите. И оние кои несовесно фрлаат ѓубре каде стигнат, и оние кои не си ја организираат и вршат навремено работата во собирирање на комуналниот смет, но и оние освестените кои не реагираат и не бараат одговорност или молчат пред неправдата.

Граѓанската свест и активизам подразбираат преземање акција со определена цел, односно спроведување на одредена активност или комбинација на акции со цел да се предизвикаат посакувани и очекувани социјални и политички последици и резултати. Како карактеристика на цивилното општество, активизмот значи неприфаќање на пасивната улога на која се сведени граѓаните во услови на претставничка демократија или на некој недемократски режим и нивно ангажирање за подигање на свеста околу некое прашање и/или влијаење врз процесот на одлучување.

реклама

Живот

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more
 

Магазин

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе