Четворицата вселенски туристи на SpaceX безбедно слетаа во Атлантскиот Океан по три дена поминати во вселената, прва мисија во орбитата во историјата во која немаше професионални астронаути.
Капсулата Crew Dragon слета во Атлантскиот Океан околу 19 часот по локално време (1 после полноќ вечерва по средноевропско време), недалеку од Кејп Канаверал, од каде во средата полетаа четворицата американски туристи. Слетувањето беше пренесувано во живо од SpaceX на веб-страницата на компанијата.
По враќањето во атмосферата, спуштањето на капсулата беше забавено со четири големи падобрани. По слетувањето во океанот, брод на SpaceX брзо допловил до неа, при што патниците се симнале и се упатиле кон вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Watch: First-ever civilian SpaceX flight returns from orbitFour people returned to Earth from a three-day extraterrestrial excursion aboard a SpaceX Crew Dragon capsule, marking the end of the first-ever flight to Earth's orbit flown entirely by tourists or otherwise non-astronauts. https://cnn.it/3EtaReh
Posted by CNN on Saturday, September 18, 2021
Лидерот на мисијата: Ова е само почеток
„Ова беше одлично патување, но тоа е само почеток“, рече по слетувањето 38-годишниот милијардер Џеред Ајзакман, кој го финансираше патувањето.
Ова е третпат компанијата на Илон Маск да земе човечки екипаж во вселената и да го врати, по две мисии со НАСА, во август минатата година и мај оваа година. Двата пати се работеше за превоз на астронаути до Меѓународната вселенска станица. Капсулата Dragon патуваше овој пат подалеку од МВС, на надморска височина од 575 километри.
Пред и по летот, ќе се спроведат тестови за да се проучи ефектот на летот врз нивните тела. Целта е да се соберат податоци за идните мисии со цивили.
Целта на мисијата е да се направи простор достапен за повеќе луѓе, иако патувањето во вселената во моментов е само делумно возможно за неколкумина привилегирани.
„Во целата човечка историја, помалку од 600 луѓе биле во вселената“, рече Ајзакман. „Горди сме што нашиот лет ќе придонесе за оние што ќе патуваат по нас.“
Официјално не е објавено колку Ајзакман му платил на Маск за овој лет во вселената, но списанието Time ја процени цената на билетот за сите четири места на 200 милиони долари.