Хроника

Турски државјанин почина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар

24. февруари 2018 - 15:05 | Макфакс

Турски државјанин на возраст од 22 години починал откако автомобил марка „алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, денеска напладне излетал од автопатот Тетово-Гостивар и се превртел.

Автомбилот бил управуван од турскиот државјанин Б.O.А. (20), а 22-годишникот кој починал на пат кон тетовската болница бил сопатник во истиот.

Возачот и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, се здобиле со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош во тетовската клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.

Коментирај