Турски државјанин удрил во полицаец во обид да избегне пајак-служба

Скопје, 19 август 2018 (МИА) - Турски државјанин со привремен престој во с.Велебрдо-Ростуше, синоќа во Скопје се обидел да спречи пајак-возило да го отстрани неговото неправилно паркирано возило, а при обидот за бегство со возилото удрил во полициски службеник, кој потоа успеал да го фати и лиши од слобода.

На 18.08.2018 година во 21.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, во моментот кога полициски службеник со специјално возило преземал мерки за отстранување на погрешно паркирани возила, едно непознато лице почнало да го влече вработениот во Пајак службата, а се обидело и да го удри.

Потоа, лицето влегло во патничко возило „Мерцедес“, го стартувало возилото и удрило во полицискиот службеник, кој се здобил со телесни повреди, по што го запрело возилото, излегло и почнало да бега. Полицискиот службеник успеал да го фати и лиши од слобода. Во тој момент друго непознато лице го стартувало возилото и побегнало во непознат правец. Утврден бил идентитетот на лицето, се работи за Б. Х. (29) од Република Турција со привремен престој во с.Велебрдо- Ростуше.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе