Турски експерт: Високите температури нема да го уништат вирусот COVID-19

МИА
/ 10.07.2020 / 08:37

Ако високите температури би можеле да го уништат вирусот, не би можеле да видиме дека се шири во Саудиска Арабија и Африка, рече Реџеп Тeкин, експерт за заразни болести и клиничка микробиологија на универзитетот „Дикле“ во Турција.

Според него, повисоките температури нема да помогнат во забавување на ширењето на новиот коронавирус.

– Ако одржувате социјална дистанца и носите маска, стапката на ширење на болеста може да се намали, но летната температура сама по себе не е доволна, рече експертот за анадолиската агенција.

Посочувајќи на жешката медитеранска клима во јужна Турција, Текин истакна дека бројот на случаи таму се зголемил неодамна, и покрај топлото време.

Истакнувајќи дека ќе има потопли денови во наредните недели, тој рече дека луѓето не треба да се однесуваат неодговорно, потпирајќи се само на топлината, туку треба да носат маска, да практикуваат физичка дистанца и да ги мијат и дезинфицираат рацете.

До денес, Турција регистрирала вкупно 5.228 смртни случаи на коронавирус, додека повеќе од 187.511 луѓе се излекувале од оваа болест. Во моментов има повеќе од 208.938 потврдени случаи во земјата.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more
 

Ново

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе
  • filter

Најмоќниот и најскап Mustang досега

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе