Турските фудбалери на удар поради поддршка на Ердоган и инвазијата во Сирија

Навивачите на Сент Паули бараат Џенк Шахин да биде исфрлен од тимот, на удар се и Илкај Ѓундоан од Манчестер Сити и јувенташот Емре Џан поради постапките на социјалните мрежи.

„Ја поддржуваме нашата херојска војска и армија. Нашите молитви се со вас“, напиша Шахин на Instagram поддржувајќи ја турската инвазија на Сирија каде на мета се локалните Курди.

„Не е прва глупост на Шахин на оваа тема. Во минатото веќе се има изразувано националистички, режимски и со презир кон загинати Курди. Бараме повеќе да не го носи дресот на Сент Паули“, стои во соопштението на навивачите на германскиот второлигаш за кој Шахин игра од 2016. Инаку Шахин не настапува за Турција, но дава поддршка.

Илкај Ѓундоан и Емре Џан додатно ги разбеснија своите клупски фанови бидејќи ставиле лајк на сликата објавена од стрелецот на победничкиот гол против Албанија, Џенк Тосун, на која тој војнички отпоздравува. Инаку двајцата настапуваат за Германија, а претходно одбија да играат за Турција.

„За нашата нација, особено за оние кои си ги жртвуваат животите за нацијата“, напиша Тосун на Instagram со фотката од поздравот, а која ја лајкнаа Ѓундоан и Џан.

„Лајкнав слика на мој добар другар. Другар со кого живеев во Манчестер, кој имаше тежок период во Евертон и кој постигна решавачки гол за својата репрезентација. Фрустрирачки е кога гледам какви работи се пишуваат и какви претпоставки се прават само поради еден обичен лајк. И други 20 илјади имаат ставено лајк на таа слика, меѓу нив и фудбалери од целиот свет. Разочарувачки е што од сите овие лајкови се издвојуваат само мојот и на Емре и за нив се измислуваат приказни. Немавме политички намери, тоа беше само поддршка на наш другар. Ние сме против било каква војна во било кој дел од светот“, се правдаше Ѓундоан.

Тој во 2018 заедно со Месут Озил беа критикувани кога објавија слика на која се со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Ѓундоан се извини, додека Озил се караше со сите бранејќи ги своите причини.

„Немаше никаква политичка порака, тоа беше замо еден спортски поздрав. Не ми се допаѓа војната, се надевам дека секој ден ќе има мир во светот. Немам што друго да кажам на оваа тема бидејќи не испратив никаква политичка порака“, рече Емре Џан.

Во Италија на мета се Џенгиз Ундер од Рома и Мерих Демирал од Јувентус поради твитови со поддршка за одлуките на Ердоган. Демирал е единствен од овие кој всушност играше против Албанија во петокот, а на сликата горе е со број 3.

реклама

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе