Турските власти уапсија седум лица поради вмешаност во убиството на амбасадорот Карлов

Турските власти задржаа во притвор седум лица, по убиството на  рускиот амбасадорот Андреј Карлов во Анкара, јавуваат турските медиуми, и додаваат дека улицата на која се наоѓа руската амбасада ќе биде го носи името на рускиот амбасадор.

Родителите, сестрата, тројца роднини и цимерот на убиецот на рускиот амбасадор биле уапсени утрово, јавува турската агендија Анадолу. Членовите на семејството на убиецот Мевлут Мерт Алтинтас биле уапсени во турската југозападна провинција Ајдин, а по испитувањето биле одведени во регионалната безбедносна дирекција, рекол изворот на Анадолу, додавајќи дека цимерот на напаѓачот бил уапсен во Анкара.

Телото на убиениот амбасадор, денеска од Турција ќе биде префрлено во Русија. Во Анкара пристигнала делегација на руски истражители, односно тим од 18 лица кои заедно со турските претставници ќе учествуваат во истрагата за убиството на амбасадорот. Меѓу 18-те членови на рускиот тим има еден обвинител, двајца аташеа за безбедност, претставници на руското министерство за вонредна состојба, форензичари и психолози.

Доаѓањето на рускиот тим е договор на претседателите на двете земји, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин. Улицата во Анкара на која се наоѓа руската амбасада ќе биде наречена во убиениот руски амбасадор Андреј Карлов, изјавил во вторникот шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на почетокот на состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Донесовме одлука, турскиот премиер ме извести дека улицата ќе ја именуваме во Андреј Карлов. Се работи за улица на која се наоѓа зградата на руската амбасада“, рекол Чавушоглу, пренесува руската агенција Тас. Убиството на рускиот амбасадор во Анкара е прво убиство на претставник на Москва во последните 89 години, потсетува агенција Блумберг. Претходно во 1927-та година, во Варшава беше убиен советскиот амбасадор Пјотр Војков.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе