Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека се согласува со американскиот претседател Доналд Трамп оти меѓународната заедница треба да биде „цврстa, дури и брутална“ во борбата против тероризмот и Исламската држава, пренесуваат светските агенции.
Туск наведе дека тероризмот бил една од најважните теми во разговорите на претставниците на ЕУ со Трамп за време на неговата посета на Брисел, јавува АП.
„Се согласив со него кога рече дека меѓународната заедница, седумте најразвиени земји на светот Г-7, САД, Европа треба да бидат цврсти, дури и брутални, против тероризмот и Исламската држава“, изјави Туск во Сицилија каде се одржува состанокот на Г-7.