Твитерџиите одлучија: Вратен Twitter профилот на Доналд Трамп

Милијардерот Илон Маск соопшти дека профилот на Доналд Трамп е вратен, бидејќи корисниците на социјалната платформа го поддржаа потегот преку анкетата што ја иницираше.

„Народот одлучи“, напиша Маск на Twitter, информирајќи дека 51,8 отсто од над 15 милиони корисници гласале за враќање на профилот.

Поранешниот американски претседател, нема да се врати на платформата бидејќи претходно соопшти дека „не гледа причина за тоа“.

Неговиот профил беше суспендиран во 2021 година поради ризик од поттикнување насилство.

Претходниот менаџмент на Twitter го избриша профилот на Трамп неколку дена по нападот врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари, додека Конгресот се обидуваше да ја потврди победата на Џозеф Бајден на претседателските избори.

Во немирите што се случија за време на рацијата во просториите загинаа четворица цивили и еден полицаец.

По инцидентите беа суспендирани профилите на Доналд Трамп на Facebook, Instagram и на Twitter, каде имаше десетици милиони следбеници.

Неколку месеци подоцна, Трамп лансираше сопствена платформа Truth Social. 

Тагови
реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Интернет

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Read more

American Airlines ќе воведе Starlink Wi-Fi во целата своја флота на авиони во 2027

Read more

Голема промена на YouTube доаѓа на 24 август

Read more

Контра удар на Facebook и Instagram: Дали пак би користеле Myspace?

Read more

Гик

Често слушаме дека Колумбо ја открил Америка, но Викинзите стигнале 5 века порано

Читај повеќе

Нобеловата награда дава нова надеж: Откритие би можело да помогне кај мозочните заболувања и видот кај слепите

Читај повеќе

WhatsApp воведува голема промена

Читај повеќе

Геолози издадоа итно предупредување за катастрофа: Планина во Европа забрзано се распаѓа

Читај повеќе

Продажбата на телефони паѓа, а цените скокнаа за 20%

Читај повеќе

AI модел во САД ѝ пратил на полицијата лажна дојава за нерасветлено убиство

Читај повеќе
  • play_arrow

Apple подготвува нови уреди: Што да очекуваме на 13 октомври?

Читај повеќе

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Читај повеќе

Дали ќе престанете да добивате ажурирања за вашата верзија на Windows?

Читај повеќе