Twitter ги третира профилите кои твитаат на кирилица како руски ботови

Пред една недела беше објавено дека Twitter ќе ја засили борбата против интернет тролови, а тој потег изгледа дека имаше неочекувани последици. Македонската, бугарската и српската Twitter заедница беа погодени од новите измени бидејќи платформата реши да им ги суспендира профилите поради користењето на кирилица во твитовите.

Иако нема официјални правила околу тоа кога ќе биде суспендиран нечиј профил, сепак Twitter автоматски ги суспендираше некои корисници поради користењето на кириличен фонт.

На некои од нив им беше забрането да објавуваат нови твитови, додека пак кај некои беа филтрирани твитовите и најчесто нивните одговори на туѓи твитови не се покажуваа на тајмлајнот. Кај сите овие корисници забраната работеше на тој начин што другите корисници не добиваа нотификации од суспендираните профили.

Ваквото суспендирање беше забележано откако овие профили со кирилична поддршка напишале твит во кој е споменат профилот на YouTube, или пак некоја друга голема компанија. Twitter тоа го има регистрирано како закана и сега ги третира овие профили како руски ботови кои спамираат на социјалната мрежа. Дури и во случај профилот кој се обраќа кон YouTube да не биде суспендиран, големи се шансите дека некој кој ќе одговори на тој твит со кирилична поддршка ќе биде суспендиран.

Зошто се случува ова? Бидејќи Twitter користи алгоритам за да ги препознае руските ботови чија задача е да детектира твитови напишани на кирилица. Е сега, веќе забележувате каде може да настане проблемот, бидејќи кирилицата не ја користат само Русите, туку и ние, Бугарите, Србите и слично.

Дел од корисниците успеваат да си ги вратат профилите, од кои голем дел ги користат и по 7-8 години, но засега останува проблем константното игнорирање на нотификациите од овие профили, кои не се појавуваат во полето за нотификации кај останатите корисници.

„Ќе го разгледаме овој проблем и ќе пробаме да најдеме решение за него. Во меѓувреме мораме да се бориме против профилите кои претставуваат закана за нашата Twitter заедница“, пишуваше во соопштението на Twitter за јавноста.

Иако Twitter е една од најважните комуникациски алатки во модерниот свет, сепак е зачудувачки колку тие се неодговорни и незаинтересирани за желбите на нивните корисници. Многу често се случува да превидат нешто за кое потоа голем број корисници ќе се побунат, но дури и тогаш од Twitter не изгледаат премногу заинтересирани да го решат проблемот навреме.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе