Twitter отстрани 70.000 профили поврзани со движењето QAnon (КјуАнон) со цел да спречи оваа социјална мрежа да се користи во поттикнување насилство, како организираниот упад во Капитол минатата среда, пренесе The New York Times.
Платформата започна со „чистка“ во петокот, блокирајќи го профилот на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овие профили во голема мерка споделуваа опасна содржина поврзана со движењето QAnon, главно посветени на ширење теории на заговор“, стои во соопштението на Twitter.
Социјалните мрежи беа главни медиуми за комуницирање на Трам со јавноста, на Twitter го следеа 88 милиони луѓе во моментот кога неговиот профил беше блокиран, пренесе AFP. Ова движење му дава поддршка на Трамп.
За какви теории на заговор станува збор?
Според онлајн движењето QAnon, меѓународна педофилна елита киднапира и злоставува деца за да добие од нивната крв – дрога за подмладување. Таа елита се обидува да ја преземе власта врз светот. Според митот, тие предводат влада наречена Дип Стејт која во сенка ја води политиката на САД и на целиот свет. На другата, „добрата“ страна е Доналд Трамп кој води борба против Дип Стет. И, сега, според QAnon, педофилите сакаат да го тргнат Трамп од власт.