Ендрју Тејт, заедно со неговиот брат, беше уапсен за истрага за трговија со луѓе во Романија, а беше пронајден благодарение на активистката Грета Тунберг и кутија за пица.

Имено, во двеминутното видео во кое ја навредува Грета, Тејт е снимен со кутии за пица, а се покажало дека се работи за пицеријата Jerry's Pizza, која работи во романскиот главен град Букурешт.
Поради бизарниот начин на кој полицијата ја откри неговата локација, корисниците на социјалните мрежи почнаа безмилосно да му се потсмеваат на озлогласениот инфлуенсер.
Собравме некои од најдобрите мемиња објавени на Twitter:
Тејт и брат му Тристан ќе минат 24 часа во притвор под обвинение за силување и трговија со луѓе.