Twitter воведува опција за делење твитови со максимално 150 корисници

Социјалната мрежа Twitter работи на опција која на корисниците ќе им овозможи да споделуваат одредени твитови само со специфична група луѓе.

Ако ова ви звучи познато, тоа е поради опцијата Close Friends на Instagram, која овозможува иста работа – споделување содржина со одбрана група луѓе. Во случајот на Twitter, твитовите ќе бидат ограничени на таканаречениот Flock.

Twitter ја најави опцијата уште во јули и ја нарече Trusted Friends. Оттогаш, Алесандро Палуци го следи напредокот на Twitter, а опцијата полека го добива својот финален облик.

Корисниците ќе можат детално да се информираат за опцијата, а меѓу главната карактеристика е што ќе може да се додадат до 150 луѓе. Таа група корисници ќе може да погледне или одговори на твитови наменети на Flock.

Доколку корисникот одлучи дека некоја личност не ја сака во својот Flock, може едноставно да ја отстрани, а таа личност нема да добие нотификација дека е отстранета.

Ако корисникот е во нечиј Flock, по испраќањето на твит ќе биде јасно дека се работи за содржина за одбрана група. Корисникот ќе има опција пред објава на твит да одреди дали сака да го видат сите кои го следат или само оние во флок.

Во септември Twitter воведе опција која функционира само на повик и овозможува поврзување на корисници со исти интереси. Оваа опција исто така овозможува испраќање твитови на специфична заедница наместо на сите корисници.

URL
URL
URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе