Фудбал

У18 репрезентацијата го освои третото место на турнирот во Чешка

24. август 2019 - 16:40 | Б.С.Б.

Македонската репрезентација до 18 години го освои третото место на меѓународниот турнир „Вацлав Јежек“ во Чешка.

Предводени од селекторот Шкумбин Арслани младите фудбалери со 3:0 ја победија репрезентацијата на Унгарија. 

Македонија поведе со 1:0 во десеттата минута со голот на Иван Николов. Во 29-тата минута резултатот беше 3:0. Бехар Фета даде гол во 23 минута, а шест минути подоцна Влада Новевски го даде третиот гол.

Победата донесе трето место на У18 репрезентацијата на Македонија.

Коментирај