Македонската репрезентација до 18 години го освои третото место на меѓународниот турнир „Вацлав Јежек“ во Чешка.
Предводени од селекторот Шкумбин Арслани младите фудбалери со 3:0 ја победија репрезентацијата на Унгарија.
Македонија поведе со 1:0 во десеттата минута со голот на Иван Николов. Во 29-тата минута резултатот беше 3:0. Бехар Фета даде гол во 23 минута, а шест минути подоцна Влада Новевски го даде третиот гол.
Победата донесе трето место на У18 репрезентацијата на Македонија.