Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 0:1 од Шпанија во натпревар од квалификациите за Европското првенство, одигран на националната арена „Тодор Проески“.
Шпанија со гол на Дуро од пенал во 82. минута ги завери трите бода, а Димитар Митровски во 87. минута промаши од белата точка за македонската репрезентација и ја пропушти шансата да донесе бод против големиот фаворит.
Екипата на Благоја Милевски беа рамноправен противник на „Фуријата“, откако гостинот не создаде посериозна шанса, но сепак дојде до победата благодарение на голот од пенал.
Следниот меч за „жолто-црвените“ е на гостински терен со Фарски Острови.