Уапсен маж кој со оружје сакал да присуствува на инаугурацијата на Бајден

Американската полиција вчера уапси лице кое наводно се обидело да помине контролен пункт во градот со фалсификувана дозвола за присуство на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, а воедно поседувало и наполнет пиштол со повеќе од 500 парчиња муниција, пренесоа американските медиуми.

Во полицискиот извештај се наведува дека кај уапсeниот 31-годишен Весли Ален Билер, при претрес на еден од контролните пунктови во Вашингтон, е пронајден пиштол Glock. Тој, исто така, имал неовластено одобрение да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на новиот претседател, додаваат медиумите.

Полицијата откри повеќе од 500 парчиња муниција, вклучително и шаржер за пиштол и куршуми за ловџиска пушка.

Белер бил уапсен за поседување нерегистрирано огнено оружје и поседување нерегистрирана муниција.

Припадниците на Националната гарда ги засилија локалните безбедносни сили во главниот град на САД и повеќе од 25.000 припадници на безбедносните сили се очекува да присуствуваат на церемонијата на 20 јануари.

Мерките се засилени поради смртоносниот упад на демонстрантите во Капитол на 6 јануари, кога загинаа најмалку пет лица.

Исто така, регистрирани се и закани од екстремната десница дека може да дојде до повеќе насилство во главниот град. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе