Уапсен нов осомничен за убиството на новинарката Маринова

Софија, 10 октомври 2018 (МИА) – Во Германија е уапсено лице осомничено за силување и убиство на новинарката Викторија Маринова (30), соопштија денеска бугарските власти.

Бугарскиот државен обвинител Сотир Цацаров го потврди апсењето на Северин Красимиров, бугарски државјанин, но не сакаше да изнесува детали.

Министерот за внатрешни работи Младен Маринов соопшти дека иследниците нашле ДНК докази на облеката и телото на новинарката која беше убиена во саботата во северниот бугарски град Русе.

„Постојат физички докази за поврзаност со убиството“, рече Маринов.

Красимиров, кој е жител на градот Русе, има криминално досие поради кражба на метален отпад.

Маринов додаде дека иследниците разговарале со семејството и пријателите на убиената новинарка и оти „нема очигледна поврзаност со нејзината работа“.

Маринова беше новинарка и уредничка на бугарската телевизија ТВН и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

Бугарското обвинителство  соопшти дека покренало истрага врз основа на сомнежи за злоупотреба на фондови на ЕУ, додека полицијата го истражува убиството на Маринова.

Маринова минатиот месец водеше емисија за двајца истражувачки новинари кои биле уапсени поради нивната работа на наводи за проневера на фондови на ЕУ. 

Бугарската полиција вчера приведе осомничен Романец во врска со убиството на Маринова, но потоа соопшти дека тој ќе биде ослободен и против него нема да биде поднесено обвинение.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе