Уапсен њујорчанецот кој својот бар го прогласи за автономна зона

Сопственик на бар во Њујорк го прогласи својот локал за автономна зона за да им пркоси на рестрикциите поради коронавирусот, па сега е приведен.

Дени Прести својот бар „Mac’s Public House“ го прогласи за автономна зона за правилата на американските власти да не важат кај него и со тоа да избегне намалување на профитот. Во неговиот бар луѓето слободно уживаа во пијачки и храна без држење дистанца или било какви други неопходни мерки за заштита од COVID-19.

Во вторникот неколку полицајци во цивилка како обични граѓани отишле во неговиот бар за на лице место да го фатат како ги крши мерките за заштита. Дени бил со лисици изнесен и спроведен во протвор, а додека полицијата го вадела од автономниот бар незадоволните муштерии упатувале погрдни зборови кон полициските службеници.

Remote video URL

Дени и неговиот партнер Кит МекАларни минатиот месец го прогласија „Mac’s Public House“ за автономна зона откако претходно добија неколку дневни глоби од по илјада долари и им беше одземена лиценцата за служење алкохол бидејќи работеа и по времето кога сите барови во Њујорк мора да затворат.

„Mac’s Public House“ барот ја продолжува битката со њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо и градоначалникот Бил де Блазио. Отворија профил на GoFundMe за да соберат пари да се плати новата казна каде веќе речиси 50 илјади долари се собрани.

Дени ги повика и останатите угостителски објекти да му се придружат во борбата со „непријателот“: „Отворете ги вашите локали. Вратете си ги назад вашите гардови, сојузни држави и татковината“.

URL
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе