Сем Бенкман -Фрид, основач на неуспешната берза за криптовалути FTX, е уапсен на Бахами, пренесе BBC.
Американските федерални обвинители поднесоа кривична пријава против него во Њујорк. Бенкман-Фрид денес важи за еден од најбогатите луѓе, но во последниве денови ја разбранува јавноста бидејќи е обвинет за измама.
Според полицијата, 30-годишниот Сем е уапсен поради финансиски прекршоци на законите во САД и на Бахами. Минатиот месец FTX поднесе барање за банкрот во САД, оставајќи ги корисниците во неможност да ги повлечат нивните средства.
Според судските записи, FTX им должи скоро 3,1 милијарди долари на 50 најголеми доверители. Нејасно е колку пари луѓето ќе можат да си вратат по крајот на банкротот, но експертите предупредуваат дека најверојатно ќе стане збор за мали суми.
Берзата FTX им дозволи на корисниците да тргуваат со обични пари за крипто-валути, како биткоин.
The New York Times објави дека Сем се соочува со обвиненија за измама и за перење пари.