Уапсен по грешка: Пакистански таксист ослободен од Гвантанамо по 17 години тортура

Пакистанскиот таксист Ахмед Рабани ќе биде ослободен од затворот Гвантанамо откако мина 17 години тортура во затвор, без да биде обвинет и осуден.

Рабани е затворен откако бил по грешка заменет за баран терорист, а доживеал ужасни тортури иако никогаш не бил обвинет за какви било злосторство, пишува Russia Today.

Ослободувањето е најавено минатата година, по 19 години затвор од кои 17 бил во Гвантанамо. Се почнало во 2002 година кога бил уапсен од пакистанските власти, кои мислеле дека станува збор за баран терорист. Таксистот бил уапсен пред станот на терористот и бил продаден на Американците. Апсењето се случило истиот ден кога се уапсени уште неколку луѓе осомничени дека биле дел од Ал Каеда.

Меѓу нив бил и член од обезбедувањето на Осама Бин Ладен.

Но, Рабани никогаш не бил обвинет за некое злосторство, а сега се верува дека никогаш не бил поврзан со тероризам. Сепак, по апсењето минал повеќе од 545 дена во објект на ЦИА во Авганистан, а деталите се наведени во извештајот на Американскиот сенат за мачење од 2014 година.

Пакистанецот долго време бил во окови и со рацете над главата. Поради таа мачна позиција Рабани се обидел да си ја отсече сопствената рака за да стави крај на болката.

Сведочења на затвореници држени во истиот затвор говорат за келии полни инсекти, претепувања, несоница, закопувања во симулирани гробници, посипување со студена вода, забрана за капење со месеци.

Организацијата Reprieve која објави за ослободувањето на Рабани, тврди дека истражителите знаеле дека имале погрешен човек, но сепак го мачеле.

Неговиот случај предизвика меѓународно внимание во 2018 година кога објави статија во која го опиша физичкото и сексуалното злоставување од страна на чуварите, а навел и дека бил присилно хранет.

„Нема ни утро ни вечер, само очај“, напиша тогаш тој.

Условите во Гвантанамо негативно влијаеле на неговото ментално здравје. Тој има 19-годишен син кој никогаш не го видел, не го прегрнал.

„Нема да славиме додека не се врати во Пакистан, кај своето семејство и не го прегрне 19-годишниот син за првпат“, изјави адвокатот Марк Махер.

Од 780 луѓе затворени во Гвантанамо, 732 се преместени или ослободени, а 38 се уште таму. Девет затвореници починале во затворот.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе