Жената позната како Ла Муњека или „Кукла“, за која локалните медиуми велат дека е озлогласен убиец и работела за банда поврзана со повеќе убиства, беше уапсена во Колумбија неделава.
Полициските сили во регионот Магдалена Медио оваа недела објавија видео на кое се гледа една жена, идентификувана од локалниот медиум Diario del Norte како 22-годишната Карен Јулија Оједа Родригез, во притвор заедно со осомничен маж.
Полицијата соопшти дека Ла Муњека и осомничениот маж, идентификуван со алијас Леополдо, биле приведени поради поседување пиштол калибар 9 мм. Пиштолот е испратен на тестирање за да се утврди дали бил користен во злосторствата во градот Баранкабермеја.
En flagrancia fue capturada una mujer alias “La Muñeca” y “Leopoldo” con un arma de fuego en #Barrancabermeja. #SeguridadEnElTerritorio pic.twitter.com/sUrtS45Wkh
— Departamento de Policía Magdalena Medio (@PoliciaDEMAM) December 1, 2024
Потполковникот Маурицио Херера ги опиша апсењата како „важни резултати во борбата против убиствата“.
Diario del Norte пишува дека 22-годишната „Кукла“ била втора во ланецот на команда на бандата Лос де ла М, која се бори со други криминални групи за контрола на трговијата со дрога во северниот регион Сантандер.
Весникот пишува дека Ла Муњека влегла во криминалното подземје на 18 години, а во моментот на апсењето била задолжена за координирање на убиства, па дури и го убила својот поранешен партнер познат како Орехас.
Според El Espectador, оваа година во градот Баранкабермеја се случиле повеќе од 120 убиства.